
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција упати апел Велигден да се прослави дома и без празнични собирања.
-Оваа година Велигден го прославуваме на поинаков начин. И јас за да ги заштитам моите најблиски празникот ќе поминам сам, изолиран од семејството. Секој од нас носи огромна одговорност. Празничните собирања треба да изостанат, тоа е инвестиција во здрајвето. Да се биде дома значи да се направи разлика и да се спасат човечки животи, апелираше Филипче.