Филипче: Во 16 општини формираме ковид – центри

Во тек е реализацијата на поставувањето на модуларни ковид центри низ државата. Забрзано работиме на терен. Завршува монтажата во Штип и Кичево, а од денеска почнуваме со монтажа и во Гостивар и Струга, објави попладнево на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

– Во 16 општини, во кругот на болниците, посочува министерот, формираме ковид – центри за третман и лекување на пациенти со ковид-19. Брза реализација е можна само со заедничка и меѓуинституционална соработка, јавното здравје е заедничка одговорност – напиша Филипче.