Брзите тестови за ковид-19 многу скоро се очекува да бидат достапни и во болниците во нашата држава. Министерот за здравство, Венко Филипче, во вечерашното интервју во „Топ Тема” на ТВ Телма, посочи дека тие како министерство планираат надградување на стратегијата за тестирање, односно ова воспоставување на стратегијата за широко тестирање.
– Последните неколку месеци на пазарот се подостапни брзи тестови за детектирање на вирусот (не на антителата). Меѓутоа се брзи и за 10-15 минути го детектират тоа без потребна лабораторија, без лабораториски апарат. Значи брис и една мала плочка. За кратко време ќе почнеме со набавка. Тие тестови пред се ќе бидат дистрибуирани во болниците, и во соработка со Центрите за јавно здравје, веројатно на граничните премини. Сето тоа ќе овозможи многу брз резултат на пациентите кои доаѓаат пред се итните, и на тие што им е потребна некаква интервенција. За 15 минути на лице место, без никаква потреба за голема експертиза, ќе знаат вработените дали пациентот е позитивен или негативен – рече министерот Филипче.
Освен во болниците министерот Филипче, додаде дека брзи тестови за ковид-19 ќе има и на граничните премини, но пред тоа ќе треба да се подготви стратегија.