Филипинецот Ниетес првак и во четврта боксерска категорија

Филипинскиот боксер Дони Ниетес ја освои титулата светски шампуион во супермува категорија во верзијата WBO и стана еден од ретките боксери во историјата кој освојувал титули во дури четири тежински категории.

Триесет и шестгодишниот Дони Ниетес во борбата за титулата во Макао на бодови го победи Јапонецот Казуто Иока и дојде до 42-та победа во кариерата во којашто има еден пораз и пет нерешени мечеви.

Филипинецот беше првак во минимува категории според WBO верзијата од 2007 до 2011 година, пота во полумува категорија WBO од 2011 до 2016, па во мува категорија во верзијата IBF во 2017 и 2018 година, а сега победи и во супермува.

Достигнување на Ниетес со четирите титули во четирите тежински категории од врвните боскери го имаат веќе сонардоници Нонито Донаире и Мени Пасквиао, како и Американецот Оскар де Ла Хоја.