Филиповски обвинува дека МВР ги штити напаѓачите на неговиот син

Напаѓачите на мојот син ќе се спасат благодарение на високата позиција во МВР на нивниот татко, пишува во својот фејсбук статус Гоце Филиповски, родител на 27-годишниот Филип, кој во петокот вечерта беше прободен со нож во кафеана во селото Марино.

Мојот син се бори за живот со тешки оштетувања, изврпителите се две деца од Петровец, едниот син на поранешниот градоначалник на Петровец, Звонко Цветковски, сегашен висок функционер во МВР. Поводот за овој мој напис е обид да се стави крај на ваквите случувања и според првичните информации – обид да се изменат изјавите на децата сведоци, кои беа дадени во мое присуство во Државна болница и кадешто директно беа посочени сторителите, пишува Филиповски.

Полицијата вчера соопшти дека се степале Ф.Ф. (27) од с.Кадино од една страна и А.Ц. и Ј.Ц. од друга страна, при што Ф.Ф. бил прободен со нож. Оттаму додадоа дека повредениот е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а А.Ц и Ј.Ц се приведени во полициска станица, како и дека се работи на расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.