Филмот „Avec l’amour” вечерва на Кино на отворено во Кисела Вода

„Avec l’amour” на режисерот Илија Цветковски вечерва е на репертоарот на “Кино на отворено” кое од вторникот се одржува во Кисела Вода.
Проекцијата започнува во 21 часот, пред Домот на културата “Билјана Беличанец”, а половина час порано за најмладите ќе се емитуваат анимирани филмови.

Инаку, вчерашната проекција на првиот македонски филм за деца „Стела“ предизвика голем интерес кај публиката која имаше можност и да се дружи со екипата која работеше на овој филм, продуцентот Огнен Антов, режисерот Стојан Вујичиќ, како и главниот актер Дејан Лилиќ.

Летното кино кое го реализира Општина Кисела Вода во партнерство со МакеДокс, продолжува до крајот на оваа седмица.