Филмот „Автобиографија на човекот-гулаб“ од Константин Плевнеш на „Балкан трафик“ во Брисел

Интернационалниот фестивал на музички, филмски и сценски уметности, што 14 години се одржува во Брисел, од денеска до 26 април го има своето дигитално издание, во кое вклучи поголем број уметници од земјите на Југоисточна Европа.

Во филмската селекција на фестивалот е избран филмот „Автобиографија на човекот-гулаб“ од Константин Плевнеш, што е прикажан на повеќе фестивали во Европа и светот. Главниот херој на овој филм, Владимир Степановиќ, во осум минути ја раскажува сопствената драма на исчезнувањето на неговата фамилија и исчезнувањето на поранешна Југославија.

Во 2017 година, „Балкан Трафик“ беше свечено затворен со претставата „Дениција“ од Петре М. Андреевски, исто така во режија на Константин Плевнеш, во изведба на Народниот театар од Охрид, со протагонистите Рубенс Муратовски, Димитрина Мицковска и Саша Ефтимова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.