Филмот „Деца на сонцето“ со светска премиера во Лондон

Македонскиот филм „Деца на сонцето“ во режија на Антонио Митрикески ќе доживее светска премиера на престојниот 22 -ри по ред Лондонски меѓународен филмски фестивал „Реинденс“.

Филмот доби покана да биде прикажан во рамките на официјалната програма и со тоа го стекнува правото да се бори за главната награда на фестивалот. Фестивалот се одржува еднаш годишно од 24 септември до 5 октомври, а македонскиот филм ќе биде прикажан на 25 септември.

Во филмот играат: Ивана Павлаковиќ, Кире Ѓоревски, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Милица Стојанова, Билјана Таневски, Данчо Чеврески, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Мартин Мирчевски, Емир Хаџихафизбеговиќ… Филмот е работен според сценарио на Гордан Михиќ, а го монтираше култниот Андрија Зафрановиќ. Продуцент на филмот е Дејан Милошевски.

„Ова е филм правен со многу љубов и позитивна енергија, која екипата безрезервно ја даваше. И мислам дека тоа се чувствува во секоја сцена од филмот Со филмот настојувавме да допреме до вистината и до внатрешните немири на ликовите. Веруваме дека филмот ќе допре до публиката и критиката. Тој носи верба и надеж.“ вели Митрикески.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.