Филмот „Godzilla vs. Kong“ во пандемијата заработи рекордни 48,5 милиони долари

„Godzilla vs. Kong“ постави рекорд во времето на пандемијата на коронавирусот, откако филмот во продукција на студијата „Warner Bros“ и „Legendary Entertainment“ во текот на викендот заработил 32 милиони долари, односно 48,5 милиони долари во првите пет дена од прикажувањата во американските кино-сали.

Според овие податоци, се чини дека „Godzilla vs. Kong“ покажува дека филмофилите се подготвени да се вратат во кино-салите по повеќе од една година гледајќи ги остварувањата на платформата Neflix во домашна атмосфера. Филмот, исто така, е достапен и за претплатниците на HBO без дополнителен надомест. Засега не е познато колку луѓе го гледале филмот од дома.

Дејвид Грос, кој ја води филмската консултантска агенција „Franchise Entertainment Research“, ја опишува продажбата на кино-влезниците во текот на викендот како „силна“, имајќи ги предвид „сѐ уште тешките услови“.

Повеќе од 50 отсто од кино-салите во САД се отворени, но бројни од нив меѓу кои и оние во Њујорк и во Лос Анџелес работат со намален капацитетот за да се може да се одржуваа епидемиолошките протоколи.

„Иако ова е само половина од она што би се случило вонормални околности, викендот е јасен и позитивен показател дека одењето во кино има својствени сили кои не исчезнуваат“, смета Грос.