Филмот „Џокер“ преддложен за номинации за Оскар во 16 катергории

Филмското студио „Warner Bros.“ ја започна кампањата за номинација на својот „Џокер“ за престижните награди Оскар, предлагајќи го филмот на Тод Филипс во 16 номинации, пренесува ресурсот Movieweb.

Челнците на компанијата сметаат дека филмот што предизвика контроверзии уште пред премиерата ќе заработи повеќе од милијарда долари на кино-благајните, а веќе заработи над 900 милиони долари, како и дека може да ги освои главните награди во низата категории. Меѓу нив секако се најзвучните, како Најдобар филм, Најдобра режија, Најдобар актер, Најдобар актер во споредна улога, Најдобра актерка во споредна улога, Најдобро сценарио, Најдобра монтажа, признанијата за музичко уредување, костими и другите.

Откако филмот почна со редовното прикажување, букмејкерите го прогласија Хоакин Феникс за главен претендент за наградата. Во текот на изминатите 18 години, тој веќе беше номиниран са Оскар, во категоријата најдобар актер во споредна улога и двапати за најдобра главна машка ролја, но засега го нема освоено ласкавото признание.

Точниот број категории во коишто филмот ќе биде номиниран ќе биде позант на 13-ти јануари 2020 година, кога членовите на Американската академија за филмски уметности и науки ќе го состават конечниот список.