Филмот „Сѐ во исто време“ доминираше на наградите Спирит пред Оскарите

Авантуристичкиот филм „Сѐ во исто време“ (Everything Everywhere All at Once) кој ја третира идејата на паралелната стварност, во саботата освои неколку награди, вклучително и за најдобар игран филм, на доделувањето на наградите Спирит (Spirit), една од последните големи холивудски свеченоста пред доделувањето на најпрестижните филмски награди Оскарите следниот викенд.

Филмот во кој главниот лик е кинеско-американска сопственичка на пералница за алишта кој се справува со плаќањето на даноците сред семејните превирања последните седмици освои многу трофеи на доделувањето на холивудските награди што го става во редот на фаворитите пред доделувањето на Оскарите на 12-ти март.

Филмот победи во секоја категорија за наградите Спирит во којашто беше номиниран на церемонијата одржана во големиот шатор на плажата Санта Моника во Лос Анџелес во чест на ниско и среднобуџетските филмови.

Гласачите му доделија седум награди на филмот, кој е снимен за околу 25 милиони долари и стана најголемиот хит на независното студио „А24“, со глобална заработка на кино-касите над 100 милиони долари.

„Ова е премногу. Навистина сме среќни“, изјави корежисерот Даниел Шајнер преземајќи ја последната награда на вечерта.

Мишел Јео Чу-Кен ја освои наградата за најдобра актерска изведба. Ова е првата година во која организаторите на манифестацијата Спирит се решија за полово (родово, според неолибертаријанскиот новоговор) неутрална актерска категорија и ги укина наградите за најдобри актер и актерка.

Даниел Шајнер и Даниел Кван ги освоија признанијата за најдобра режија и за најдобро сценарио.