Филмот „Земја на номади“ го освои Златниот лав во Венеција

Филмот „Земја на номади“ (Nomadland), американско остварување од ткн поджанр роуд-муви за заедницата луѓе кои живеат во фургони патувајќи по големото пространство на Американскиот запад, ја освои во саботата наградата Златен лав на 77-то издание на меѓународниот филмски фестивал во Венеција, популарната Мостра.

Филмот „Земја на новади“ со Френсис Мекдорманд во насловната ролја ја носи приказната за животот на вдовица во шеесетите години која поради загубата на куќата е принудена своето комбеда го претвори во мобилен дом, патувајќи низ западот на САД попатно работејќи сезонски работи.

Филмот го режираше Канаѓанката која живее во САД, Клое Жао. Таа и Мекдорманд им се обратија на публиката и жирито преку видео врска преку отворените врати на автомобилот кој станал дом на главната хероина на „Земја на номадите“.

„Очигледно ние не сме со вас во Венеција, ние сме во Пасадена. Ви благодарам многу од името на целото наше друштво за овој Златен лав“, изјави Мекдорманд ржејќи како ѕвер. Според неа, „секој здив“ на филмската екипа, продуцентите, актерите и жителите на заедницата на мобилните домови станал дел од филмот.

Жирито со коешто претседаваше годинава австралиската актерка Кејт Бинош го додел Сребрениот лав, големата награда на жирито за мексиканско-францускиот триле „Нов поредок“ (New Order) кој го режираше мексиканскиот режисер Мишел Франко.

Сребрениот лав за најдобра режија го доби јапонскиот режисер Кијоши Куросава, кој во главната програма се претстави со историскиот филм „Жена на шпион“(Wife of a Spy). И Куросава не успеа да допатува во Венеција, и на публиката и жирито им се обрати преку видео порака.

Станува збор за филм ноар, сместен во предвоена Јапонија. Главните ликови во филмот, брачна двојка, дознаваат воена тајна која што ги тера да ѝ се спротистават на својата држава.

Специјалната награда на жирото во Венеција му беше доделана „Драги другари“ на Андреј Кончаловски. Наградата за сценарио го доби иднискиот филмаџија Чаитанјка Тамхане за филмот „Ученикот (The Disciple).

Британската актерка, 32-годишната Ванеса Кирби ја освои наградата за најдобра актерка за филмот „Делови на жената“ (Pieces of a Woman). Во драмата на унгарскиот режисер Корнел Мундруцо таа го толкува ликот на жена чиешто дете починало набрзо по породувањето.

Наградата за најдобар актер му припадна на Италијанецот Пјерфанческо Фавино за филмот „Татко/Оче наш“ (Padrenostro), кој говори за едно травматично детство во Италија во 1970-те години.

Оваа година за Златниот лав конкурираа 18 филмови. Филсмкиот фестивал кој се одржа на Лидо беше првиот ваков настан со публика од почетокот на пандемијата на коронавирусот.