Филмовите „Avatar: The Way of Water“, „Top Gun: Maverick“, „Elvis“, „The Fabelmans“ и „Tar“ се номинираните за годинешното престижно признание Златен глобус во категоријата најдобар филм драма, а режисерските великани Стивен Спилберг, Марк Ентони „Баз“ Лурман и Џејмс Камерон во категоријата за најдобар режисер на церемонијата којашто ќе се одржи на 10-ти јануари.
Во категоријата најдобра филмска комедија или музички филим кандидирани се „Babylon“, „The Banshees of Inisherin“, „Everything Everywhere All at Once“, „Glass Onion: A Knives Out Mystery“ и „Triangle of Sadness“.
Во конкуренцијата на драмски серии номинациите ги заслужија сериите „Better Call Saul“, „Crown“, „House of Dragons“, „Ozark“ и „Severance“, додека за најдобри комедии се предложени „Abbott Elementary“, „The Bear“, „Hacks“, „Only Murders in the Building“ и „Wednesday“.
Ѕвездата на „The Fabelmans“, Мишел Ингрид Вилијамс ги предводи номинираните актерки во категоријата драми, а конкурентки, меѓу другите, ѝ се Кеј Бланшет со улогата во „Tár“ и Оливија Колман во „Empire of Light“.
За признанието за најдобар актер во драмски филм номинирани се Остин Батлер за насловната улога во „Elvis“, Брендан Џејмс Фрејзер во „The Whale“, Хју Мајкл Џекмен во „The Son“, Вилијам Френсис „Бил“ Наји во „Living“ и Џереми Поуп „The Inspection“.
Златните глобуси ги бие гласот како блескава церемонија на којашто се консумираат големи количества алкохол и со неа започнува сезоната на доделувања награди во Холивуд, а внимателно се следи бидејќи важи како речиси сигурен индикатор за номинираните и победниците за најпрестижните холивудски награди Оскарите.
Поради контроверзиите кои го одбележаа доделувањето на Златните глобуси во 2021 година, свеченоста остана без телевизиски пренос, а победниците се прогласени преку социјалните мрежи и интернет страницата на манифестацијата. За тоа одлуката ја донесе Здружените на странските новинари акредитирани во Холивуд (HFPA), здружението коешто ги доделува признанијата и го објавува номинациите.
Истрагата на весникот The Los Angeles Times од 2021 година откри, меѓу другото, дека во организацијата на манифестацијата нема црнечки членови. Актерот Том Круз во знак на протест ги врати своите статуетки, а телевизиската мрежа NBC која долги години ги имаше правата за телевизискиот пренос се откажа од него во 2022 година. Меѓутоа, телевизијата во сопственост на корпорацијата „Comcast“ се согласи повторно да ја пренесува церемонијата за 2023 година, откако организацијата ги спроведе реформите на коишто се инсистираше.