Филмската индустрија во проблеми: Снимањето љубовни сцени ќе биде забрането

Филмските студија во светот се затворени поради пандемијата на коронавирусот, но со олабавување на мерките, актерите наскоро би можеле да се вратат на снимањето. Поради спречување на ширење на коронавирусот, ќе биде забрането снимање на љубовни сцени во Холивуд.

Аманда Блументал, чија професија е на актерите да им обезбеди сигурност во текот на снимањето на секс сцените, вели дека многу е веројатно дека актерите нема да сакаат да се бакнуваат со колегите. Таа открива дека и пред воведување на карантинот, неколку актери негодувале поради снимање на сцени со бакнување.

Големите филмски продукции, како што пишува Дејли меил, подготвуваат проекти кои на актерите од А листата ќе им овозможат заштита на сетот и надвор од него. Тоа најверојатно ќе резултира со задолжително тестирање на корона, како на актерите, така и на екипата што снима.