Филмски грабеж во станот на Северина: Ја врзале куќната помошничка и почнале да крадат

Крадци извршиле филмски грабеж во станот на Северина во Загреб. Според извори блиски на хрватската пејачка, во станот влегле непознати луѓе, ја врзале куќната помошничка, го собрале накитот и избегале во непознат правец.

За хрватски „Јутарњи лист“, Северина изјавила дека работите ќе се вратат, но не ѝ не и највредното нешто за неа.

-Ова денес… разберете дека не можам да кажам ништо. Нека бидат сите, пред сè, живи и здрави. Секако, некои украдени работи имаат сентиментална вредност за мене, но полесно ќе се справам. Работите имаат вредност, но може да се надоместат, изгубеното време без моето дете никогаш не може да се надомести, изјавила вчера Северина за „Јутарњи лист“.

Се наведува дека пејачката не била во станот за време на разбојништвото, а по грабежот имало неколку полициски автомобили пред зградата, при што била спроведена истрага.

-Денес во попладневните часови, во станот сопственост на женско лице (49), извршено е кривично дело разбојништво против жена на возраст од 65 години од страна на двајца засега непознати сторители со употреба на физичка сила. Во таа прилика украден е накит. Материјалната штета сè уште се утврдува. Во инцидентот нема повредени. Се спроведува понатамошна кривична истрага со цел да се откријат сторителите, соопштиле вчера  од загрепската полиција за хрватските медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.