Филмски вооружен грабеж на банка во Скопје

Пет маскирани вооружени разбојници ограбиле експозитура на „Халкбанк“, на Јадранска магистрала во скопско Визбегово, денеска напладне, дознава „НетПрес“.

Според првичните информации тие носеле автоматско оружје и биле маскирани со т.н фантомки. Засега не е позната украдената сума и нема информации дали во филмскиот грабеж имало евентуално повредени лица.