Филтер кафето го продолжува животот?

Кофеинот не е добар само за здравјето, како што покажаа досегашните истражувања, кафето може дури и да го продолжи животот доколку се подготвува со филтер, според истражувањето објавено во стручното списание European Journal of Preventive Cardiology.

„Нефилтрираното кафе содржи материи кои го зголемуваат холестеролот во крвта. Со користењето на филтерот тие материи се отстрануваат и можностите за срцеви удари и предвремената смрт се помалку веројатни“, вели авторот на истражувањето Даг Тхеле од универзитетот во шведски Гетеборг.

„Нашата студија дава силни и уверливи докази за врската меѓу начините на подготовката на кафето, срцевите удари и долговечноста“, вели Теле во прилогот на телевизијата CNN.

Ова се лоши вести за љубителите на ткн турско кафе или напитокот подготвен во „кафетиер“. Варењето на кафето или користењето на апарат со притисок може да го зголеми ризикот од срцеви болести, според споменатата студија.

„Нефилтрираното кафе, како на премери, турското коешто зоврива, или кафето направено во францускиот сад за варење кафе, содржи поголеми концентрации на кафестрол и кавеол, споеви кои се наоѓаат во малсените капки коишто плуиваат на површината на кафето, како и во талогот“, вели нутриционистката Лиза Дрејер.

„Студиите покажаа дека овие супстанции може да ги зголемат триглицеридите и LDL холестеролот. Консумирајте филтер кафе, бидејќи филтер хартијата може да ги задржи тие материи“, вели Дрејер.

Со споменатото истражување биле следени околу половина милион здрави лица во Норвешка на возраст од 20 до 79 години во текот на 20 години.

Резултатите покажуваат дека консумирањето кафе кое преврило или е резултат на подготовка под притисок без филтер го зголемува ризикот од смрт кај мажите повозрасни од 60 години, поради тоа што го зголемува кардиоваскуларниот морталитет.

Утврдено е, исто така, дека консумирањето на филтер кафето е поздраво, отколку кафето воопшто да не се консумира. Филтер кафето било поврзано со 15-процентно намалување на ризикот од каква и да е смрт, како и со 12-процентно намалување на ризикот од кардиоваскуларна смрт кај мажите и 20 отсто понизок ризик од смрт од срцеви болести кај жените во споредба со оние коишто воопшто не пиеле кафе.

Со студијата е утврдено дека оние кои дневно пиеле еден до четири филџани филтер кафе имале најниска стапка на смртност. Ваквите резултати се надоврзуваат на некои поранешни истражувања кои ги покажаа здравствените придобивки од кафето.