Финале на Лигата на Шампионите во Њујорк?

По потврдата дека годинава во САД ќе се игра еден натпревар од шпанската Ла Лига, меѓу „Жирона“ и „Барселона“ во Мајами, неверојатна е веста дека во Њујорк ќе се игра финалето на Лигата на шампиони.

Можноста за завршување на елитното европско клупско натпреварување во Њујорк беше објавена од извршниот директор на медиумската компанија „Медијапро“ од Барселона, Жаумес Рурес.

Во тек се преговори околу можноста за завршување на Лигата на шампионите во Њујорк, откри Раус.