Финалето на ФА Купот пред 20.000 гледачи?

Идејата на некои британски таблоиди финалето на годинешното најстаро фудбалско натпреварување во светот – англискиот ФА Куп, сепак, да се игра пред гледачи иако во ограничен број, наиде на плодна почва во тамошната јавност.

Во овој контекст мрежата Sky Sports отвори јавна расправа дали може финалето на купот, кое годинава поради пандемијата на коронавирусот е одложено за 1-ви август, на лондонски „Вембли“ да се игра пред 20.000 гледачи со почитување на сите правила за физичка и социјална дистанца.

Англискиот фудбалски храм „Вембли“ има капацитет од 90.000 места, а покрената е иницијатива влегувањето на трибините да биде дозволено за вкупно 20.000, по 10.000 навивачи за секој финалист.

Конечната одлука ќе ја донесат политичките власти и здравствените стручњаци зависно за развојот од епидемиолошката ситуација во Велика Британија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.