Финалето во ЛШ следната сезона ќе се игра во Милано

Стадионот на Милан и Интер ќе биде домаќин на финалето во Лигата на шампионите во сезоната 2015/2016.Извршниот комитет на УЕФА го одреди стадионот „Сан Сиро“ за домаќин на финалето во елитното клупско фудбалско натпреварување следната сезона.

Ова ќе биде четврти пат финалето во ЛШ да се игра на овој стадион, по 1965-та, 1970-та и 2001.година.Финалето во Лига Европа ќе се игра на стадионот „Санкт Јакоб“ во Базел, Швајцарија.

Дуелот од Супер купот во 2016 година ќе се игра во норвешкиот град Трондхајм. На овој натпревар играат победниците од Лигата на шампионите и Лига Европа.Инаку, финалето во ЛШ оваа сезона ќе се игра во Берлин, додека финалето во Лига Европа во Варшава.