дваесетина стручни лица. Тие го проверуваат секој детаљ од возот, но во исто време се вршат и обуки на наши машиновозачи, но и на сервисери.
Според планираното Македонија ќе добие шест воза од Кина, а ќе бидат во владение на „Македонски железници- Транспорт“. Возовите ќе бидат со вкупен капацитет од околу 1.200 патници, при што секој ќе собира по околу 200 патници.
Новите современи возови ќе ги исполнуваат највисоките европски стандарди за превоз на патници, како во поглед на техничките карактеристики, така и во поглед на задоволување на стандардите за квалитетен превоз на патниците.