Финансиско изживување врз Сеад Кочан за бркање од РЕК Битола преку Кочо Анѓушев и СЈО

Финансискиот садизам кон господинот Сеад Кочан започна директно од СЈО по нарачка, преку личности како што е Фатиме Фетаи. Вообичаено е дека голем број на квази аналитичари и новинари би рекле дека Фатиме нема никаква улога. Но, не е така почитувани читатели.

Исшокираната по однос на цивилизациско однесување, Фатиме Фетаи, многу беше силна. Недопирлива. Дури и проба да постави стандард како треба да изгледа една модерна жена. И се’ е тоа убаво, ама дојдовме до парите. Само да ја потсетам дека во Февруари 2017 година слатко се смееше на пародијата на Златна Бубамара кога ги пееше следниве стихови: „Ние сме тројка јака, Ние сме мадр фака, Ние сме тата мата, Парите да се вратат, ние смееее СЈООООООООООООО…“ итн.

На 28 февруари 2017 колку беше сигурна додека го читаше обвинението за Сеад Кочан. Како СЈО отворило истрага. Како имаат докази. Како конзорциум ја измамил АД ЕЛЕМ, во вкупна вредност од 17 милиони евра. Ама заборави да каже дека како ќе и каже СДСМ така она игра и плус заборава што кажала.

Многумина би се запрашале зошто токму баш Фатиме Фетаи? Епа другари читатели јас ли сум другар со Арафат, Артан Аиро, Гаврил Бубевски, Зимбовска, Макревски итн., за да уништам фирма со 1.000 вработени за да напраам ќејфови на други аги и бегови? И тоа за 5 минути слава. Јас пак се залетав ова е за следната колумна. Се извинувам драги читатели се занесов.

Туку како е избркан „Трансмет“ и Сеад Кочан од РЕК „Битола“ и какво влијание има токму Кочо Анѓушев, ама и Драги Миновски?

Почитувани читатели ова се податоци од кој можете само да се чудите и понекоја солза да пуштите од овие информации кои ќе пробам во кратки црти да Ви ги презентирам?

Што е РЕК „Битола“?

Без оваа Термоелектрана Македонија нема да има струја. Таа произведува 80% струја од македонските потреби. Во нејзините рудници има јаглен за наредните минимум 30 години, според стратегијата која ја потврди директорот на ЕЛЕМ, Васко Ковачевски. Значи ќе се копа и тоа многу. Први почнале да копаат „Гранит“ во 1982 година.

Доколку не постои РЕК „Битола“ во Македонија ќе доживееме шок од недостаток на електрична енергија. Зошто? Затоа што немаме интерконекција со другите држави од соседството. Да не Ве лажат комуњарите.

Како започнува голготата на Сеад Кочан?

  1. 28 февруари 2017 обвинение за измама кон „Трансмет“ проследено од разни медиуми дека се копало по енормно високи цени. Вистинската цена е 67 денари за Гига Џул.
  2. По обвинението наеднаш започнува гасење на транспортни ленти и ваги за камиони во самата РЕК „Битола“ во периодот помеѓу 23:00 и 00:30 часот во континуитет. Целта е дека „Трансмет“ не испорачува јаглен и нанесува штета на термоелектраната.
  3. Се поставува прашање. Дали лицето Душко Вукадиновиќ, директор на рудниците посебно Брод Гнеотино (еден од двата рудника) го гаси системот? Два стана? Ајде истражувачко новинарство.
  4. Драган Миновски му ги запишува камионите на „Трансмет“ во исто време, за да утврди дека овие не исполнуваат?
  5. ЕЛЕМ лабараторијата за проверка на квалитетот на јаглен и чистота не е акредитирана? Сите фирми мора да минат низ нејзе, а ниту една не признава?
  6. „Трансмет“ се брка од РЕК Битола за мерак на „Пелистер“ на Сиљан Мицевски-Циле и „СВ Инвест“ на брат на еден познат лик? Како?
  7. „Трансмет“ добива тендер за ископ на јаглен и јаловина на крајот на 2017 година за цена од 44 денари Гига Џул, а за квалитет на јаглен од 6200 Кило Калории, втор е „Пелистер“ на Циле за 45 денари. Баба лаже, документ не. Памтете!!!!
  8. „Трансмет“ копа, ама трасата каде што има јаглен за да се направи 6200 кило калории не е таа, туке е онаа која е така направена за да ископаш јаглен од 5700 кило калории. Памтете!!!!

И сега доаѓа финалето:

  1. На „Трансмет“ по фактурирање од негова страна во висина од 650.000,00 евра, а за која се наплаќа ДДВ, РЕК „Битола“ го повикува на помош Кочо Анѓушев
  2. На два состанока Кочо Анѓушев со претставници на „Трансмет“ се упатени следниов заклучок и следнава закана: Заклучокот е: Веднаш да се откажете од тендерот поради тоа што имате јаглен само од 5700 кило калории кој морам да го обогатувам со мазут, а тендерот вика 6200, а заканата е: Немојте да не послушате, па знаете што ќе ВИ се случи???

И сега доаѓаме до Гранде Финале:

  1. „Трансмет“ се откажува од тендер вреден 6 милиони евра и мора да плати 300.000,00 евра банкарска гаранција и плус да се откаже од оданочена фактура во вредност од 650.000,00 евра, за која платил данок. Вкупно 1 милион евра
  2. Се отвара нов тенедер. Од таму кај што памтевте, сега внимавајте. За истата работа сега се бара јаглен од 5700 кило калории, а победникот на тендерот ќе копа за 88 денари Гига Џул. Вкупниот износ е 12 милиони евра. Победникот е никој друг туку другарот на Боки 13, Сиљан Мицевски- Циле.

Понатаму е безвредно да се збори. Ама сакам нешто лично да им соопштам на овие играчи:

Ви благодарам што сум еден од оние 1.000 вработени, односно од ТВ „Нова“, што не’ оставивте на улица. Ние сите преживеавме и сите го задржавме нашето достоинство.

Мајчиното млеко ќе го проплукате, а на улица сите ќе Ве плукаат и со гомњива лопата ќе Ве маваат.

Со почит,

Автор: Виктор Грозданов

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.