Финци победници на светскиот шампионат во носење жени

Финците Таисто Миетинен и Кристина Хаапанен го освоија првото место на бизарното светско првенство во носење жени во Финска, победувајќи ги ривалите за две секунди.

Американците Миша Фрејстејтер и Ри Такано го заземале второто место во трката одржана во саботата во Сонкајрви. Третото место го освоила исто така финска двојка.

Светското првенство во носење жени се одржува во Сонкајарви, околу 500 километри северно од финската престолнина Хелсинки, од 1992 година.

Натпреварувачите мора да ја совладаат патеката долга 253,5 метри на која се поставени неколку препреки, вклучително и водена препрека длабока еден метар.

Како што наложуваат правилата, може да се носи „сопствената жена или да се позајми од соседот“, победува најбрзата двојка, а најважно е што„сите натпреварувачи мора да се забавуваат“.