5 C
Skopje
вторник, декември 1, 2020

ФИНКИ прави платформа за онлајн настава за 200 – 300 илјади корисници

60

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство прави платформа за онлајн настава.

Наставата ќе може да се следи и со мобилен телефон. Но, за да може ученикот да напише домашна работа, полесно да чита, да решава тестови, потребен е компјутер.

Нема да биде неопходен нов компјутер со јаки карактеристики, информира проф. д-р Боро Јакимовски, продекан за наука и соработка на ФИНКИ во интервју за „Факултети“.

Станува збор за унифицирана национална платформа за онлајн-настава со двонасочна комуникација во сите училишта во Македонија. Целта е таа да биде готова до 15 септември и да може во исто време да опслужи 200-300 илјади корисници, вели Јакимовски.

Минатата недела беше формирана работна група од претставници на ФИНКИ, Министерството за информатичко општество и администрација, а на средбата присуствувале и претставници од МАСИТ – стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (ИКТ).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.