Финска драстично ќе го намали бројот на издадени туристички визи за Русите

Финска, од 1 септември, ќе го ограничи бројот на визи издадени за руски туристи на 10 отсто од нивниот сегашен број  поради зголеменото незадоволство на јавноста поради руската инвазија на Украина.

„Издавањето туристички визи нема целосно да запре, но нивниот број значително ќе се намали“, изјави денеска финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто.

Тој прецизираше дека за оваа цел ќе се скрати работното време на конзулатите за издавање туристички визи. Ова е неопходно бидејќи не може да се воведе забрана за издавање виза поради националноста на апликантите.

Кога се разгледуваат апликациите на Русите, приоритет сега ќе се даде на издавањето „други видови визи: посета на роднини, семејни контакти, работа и студирање“, истакна Хависто.

Финска моментално обработува речиси 1.000 руски апликации за виза дневно, изјави министерот за надворешни работи за јавната телевизија Јуле.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.