Финска ќе протера девет руски дипломати заради шпионажа

Финските власти денеска соопштија дека ќе протераат девет руски дипломати од Хелсинки поради нивните „разузнавачки активности“.

„Финска ќе протера девет лица од руската амбасада, кои работеле во разузнавачката служба“, се наведува во соопштението по средбата меѓу претседателот Саули Нииниста и министерскиот Комитет за надворешна и безбедносна политика.

Во соопштението се додава дека одлуката за протерување е донесена врз основа на проценка на финската безбедносна разузнавачка служба.

Односите меѓу двата соседа се влошија по почетокот на руската инвазија на Украина.