Финска ги урна светските прваци, Данска подобра во скандинавската пресметка

Репрезентацијата на Шведска на гостувањето во Брондби загуби од Данска, а изненадувањето на вечерта во средата го направи Финска која на париски „Стад де Франс“ ги совлада актуелните светски прваци „Триколорите“ со 2:0, прекинувајќи ја серијата на Франција од 12 натпревари без пораз.

Иако ослабена, селекцијата на Данска ја совлада фаворизираната вечерва шведска селекција, и тоа со погодоците на двајцата дебитанти – Јонас Винд во 61 и Александер Бах во 75 минута. Иако настапи со „Б“ селекцијата, Данска беше подобра во текот на целиот натпревар и заслужено славеше.

Ова беше петти пораз на Шведска оваа есен во шест одиграни натпревари, со катастрофална гол-разлика од 3:11. Швеѓаните загубија од Франција со 0:1, од Португалија двапати со 0:2 и 0:3 и сега од Данска со 0:2, а ја совладаа само Русија со 2:1.

Многу играчи во двете селекции, особено кај Данска, поради коронавирусот го пропуштија овој дуел, а ги немаше и двајцата селектори, кои исто така се заразени. Проблеми со коронавирусот имаше и кај Швеѓаните, а меѓу позитивните е и селектрото Јане Андерсон.

Данската особено е погодена со голем број откажувања, дури 16 фудбалери, од кои дури 10 стандардни репрезентативци отпаднаа од различни причини. Дел од играчите беа позитивни на коронавирусот, додека репрезентативците кои играат во Англија не смееја да влезат во земјата поради карантинот поради пандмијата.

Во самоизолација се и данскиот селектор Каспер Хјулманд и неговиот помошник Мортен Виегхорс.

Изненадувањето на вечерта го напривија фудбалерите на Финска кои среде Париз ги надиграа светските прваци Французите со 2:0, прекинувајќи ја серијата на „Триколорите“ од 12 натпревари без пораз.

Првата победа на Финска по осум порази во меѓусебните дуели ја донесоа Маркус Фрос во 29 и Они Валкари во 31 минута. Интересно е што Франција првпат по шест години прими два погодока во првото полувреме, а последен пат тоа им се случи во поразот од Белгија од 3:4.

Францускиот стратег Дидие Дешан ги одмораше клучните ирачи, но кога сфати дека може да загуби, на теренот ги внесе и Гризман, Погба, Марсиал, Варан…, но не можеше да го поправи впечатокот и резултатот.

Последен пат пред овој Франција беше поразена од Турција со 0:2 во јуни 2019 година во квалификациите за ЕУРО, а потоа врзаа 10 победи и две ремија.

Овој меч ќе остане запаметен и по тоа што за Франција дебитираше Маркус Турам, 12 години и пет месеци откако неговиот татко Лилиан Турам го одигра последниот меч за селекцијата.

Португалија очекувано одржа полесен тренинг со Андора и ја победи со 7:0, а головите ги постигнаа Нето во 8, Паулињо во 29 и 61, Санчез во 56, Емил Гарсиа во 76 минута сипостигна автогол, а стрецли беа и Роналдо во 85 и Жоао Феликс во 88 минута.

Кристијано Роналдо веќе закрепна од повредата на коленото здобиена на последниот меч во италијанското првенство и во игра влезе во второто полувреме.

РЕЗУЛТАТИ

Грција – Кипар 2-1
Албанија – Косово 2-1
Романија – Белорусија 5-3
Малта – Лихтенштајн 3-0
Црна Гора – Казахстан 0-0
Сан Марино – Летонија 0-3
Литванија – Фарски Острови 2-1
Бугарија – Гибралтар 3-0
Турција – Хрватска 3-3
Данска – Шведска 2-0
Луксембург – Австрија 0-3
Белгија – Швајцарија 2-1
Италија – Естонија 4-0
Холандија – Шпанија 1-1
Португалија – Андора 7-0
Словенија – Азербејџан 0-0
Полска – Украина 2-0
Германија – Чешка 1-0
Ерменија – Кувајт одложено
Норвешка – Израел одложено

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.