Финска и Шведска одат на ЕУРО, рекорд на Италија

EPA/FEHIM DEMIR

Фудбалските репрезенатации на Финска и Шведска обезбедија настап на Европското првенство 2020 година, па сега се познати 12 репрезентации кои следното лето ќе играат на континенталниот шампионат.

За Финска ова ќе биде премиерен настап на некои големо натпреварување, додека за Шведска ова е седмо европско првенство. Двете селекции им се придружија на оние кои од претходно веќе го обезбедија учеството на ЕУРО, а тоа се Белгија, Чешка, Англија, Франција, Италија, Полска, Русија, Шпанија, Турција и Украина.

Во Групата Ф, Романија и Шведска во директниот судир во Букурешт одлучуваат кој од оваа група ќе им се придружи на Шпанците на Европското првенство. Швеѓаните пред мечот имаа бод повеќе, а со победата од 2:0 во Букурешт ги разрешија сите дилеми во пресрет на последното коло.

Гостите поведоа во 18 минута со голот на Маркус Берг кој погоди со глава по одличното нафрлање на Емил Форсберг. Во 34 минута Швеѓаните постигнаа уште поубав погодок прекиу Робин Квајсон, а потоа во второто полувреме ја умртвија играта.

Во вториот меч од групата Шпонија со 7:0 ја победи Малта потврдувајќи го првото место. Стрелци за „Фуријата“ беа Алваро Мората во 23, Санти Казорла во 41, Пау Торес во 62, Пабло Сарабија во 63, Дани Олмо во 69 и Жерард Морено во 71 минута.

Шпанија води на табелата со 23 бода, Шведска е втора со 18 бодови, додека Романија и Норвешка имаат по 14 бодови.

Во Групата Ј, Италија и пред ова коло изборија пласман, а на „Аѕурите“ вечерва им се придружи и Финска која со 3:0 го победи Лихтенштајн. Финците досега ниеднаш не настапила на 21-то светско, ниту на 15-те европски првенства. Победата на Финците им ја донесоа Јасе Тоуминен во 21 и Теему Пуки со двата гола, во 64 минута од пенал и во 75 минута, а кој постигна вкупно девет погодоци во квалификациите.

Италија, пак, во Зеница со 3:0 ја совлада Босна и Херцеговина, во меч кој немаше резилтатско значење, но Италијанците бркаа рекорд. Имено „Аѕурите“ првпат во историјата направија серија од десет победи, досега имаа девет последователни победи со што го израмнија рекордот од 1939 година. Италија вечерва победи со головите на Франческо Ачерби во 21, Лоренцо Инсиње впо37 Андеа Белото во 52 минута.

Италија води на табелата со 27 бодови, Финска има 18 бодови, Грција 11, а БиХ и Ерманија по 10 бодови.

Во Групата Д сѐ уште ништо не е познато. Данска го победи Гибралтар со 6:0, додека Швајцарија беше подобра од Грузија со 1:0. Во пресрет на последното коло Данска, Швајцарија и Ирска имаат шаснки за пласман. Данска води со 15 бодови, Швајцарија има 14, а Ирска 12 бодови. Во последното коло Швајцарците имаа најлесна работа, гостуваат кај Гибралтар, додека Ирска и Данска во Даблин ќе играат за пласманот на ЕУРО.