Финска по речиси 30 години отвора Амбасада во Ирак

Финска денеска соопшти дека повторно отвора Амбасада во Багдад по речиси 30 години, со цел повторно да воспостави билатерални односи и да му помогне на Ирак да ја обнови трговијата.

Еден од најголемите проблеми помеѓу двете држави претставува враќањето на илјадници Ирачани на кои им е одбиено барањето за азил во Финска. Во 2015 година во Финска пристигнаа околу 20.000 Ирачани.

Веса Хакинен е именуван за амбасадор на Финска во Ирак, а ќе му помагаат уште четири лица. Амбасадата на Финска за почеток ќе биде сместена во иста зграда со Амбасадата на Шведска.

Финска го повлече својот амбасадор од Багдад пред почетокот на Заливската војна во 1991 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.