Финска самата решава за евентуално присуство на војници на НАТО на своја територија

Финска којашто во вторникот станува 31-та членка на Северноатлантскиот воен сојуз, решава дали на нејзината територија ќе бидат распоредени војници од другите земји членки и без нејзина согласност тие не можат да бидат распоредени, изјави во вторникот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Одлуката е на Финска, не може да има присуство на војници до други членки на НАТО без нејзина согласност“, изјави Столтенберг.

Рече дека во досегашните разговори со Финска таа тема не била разгледувана, но додаде дека во многу земји членки на НАТО се одржуваат заеднички маневри, постои воздушна и поморска присутност и без постоење постојани бази.

Изминатите години, особено по превратот во Киев во 2014 година, НАТО значително го зајакна своето воени присуство на источното крило на границите со Русија, со која Финска има 1.300 километри заедничка граница.

Столтенберг истакна дека влегувањето на Финска му носи на НАТО „значителни воени капацитети и сили“, како и „силна воена индустрија“.

Финска, која има 5,5 милиони жители, се смета за респектабилна воена сила со 12.000 професионални војници, а секоја година обучува повеќе од 20.000 регрути. Во случај на војна земјата на располагање има 280.000 војници во борбена готовност и уште 600.000 резервисти.

Финска до 2026 година ќе го зголеми својот воен буџет за дури 40 отсто. Во моментов нејзините воздушни сили имаат 55 американски борбени авиони „F-18“, коишто има намера да ги замени со авионите од последната генерација „F-35“. Исто така, располага со 200 тенкови и големо количество артилериско оружје.

„Пристапувањето на Финска во НАТО е историски настан и директна последица од руската агресија на Украина. Пред неколку години беше речиси незамисливо Финска да влезе во НАТО. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека целта на инвазијата на Украина е да се намали присутноста на НАТО на своите граници, а го доби сосема спротивното“, тврдеше Столтенберг.

Финска, како и соседната Шведска, и покрај декларираната воена неутралност, всушност со децении учествуваа во заеднички воени вежби со земјите на НАТО и тесно соработуваа во областа на воената индустрија, а во мај минатата година правдајќи го со руската инвазија во Украина без референдум во парламентот, донесоа одлука за пристапување на Алијансата.

Влегувањето на Финска во НАТО во вторникот попладнето свечено ќе биде одбележано со подигнување на знамето пред седиштето на Алијансата во Брисел. На свеченоста ќе присуствува и финскиот претседател Саули Ниинисто, како и министрите за надворешни работи на државите членки кои се собраа на дводневен состанок.

НАТО во јуни им упати покана за членство на Финска и Шведска. Но процесот на ратификација на пристапниот протокол го закочи Турција којашто има барања од двете нордиски земји во врска со лица кои ги бара за тероризам. Но Анкара подоцна постигна договор со Финска, но и натаму дава отпор за влезот на Шведска. Позицијата на Турција по ова прашање во стапка го следеше и Унгарија.

Турција, каде кон средината на мај ќе се одржат претседателски избори и им забележува на другите членки на Алијансата за отворена поддршка и работење во полза на противкандидатот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, ја обвинува Шведска дека им дава политички азил на активистите на курдската PKK и на движењето FETO по кои трага турското правосудство. Покрај тоа шведските судови одбија екстрадиции а властите дозволија два собири во близина на турската амбасада во Стокхолм.

Столтенберг рече дека наскоро очекува и Шведска да му се придружи на НАТО којашто „исто така ќе биде посигурна“ со влезот на Финска.