Финските научници одгледаа кафе во лабораторија

Љубителите на кафето во иднина можеби ќе ја пијат својата омилена напивка произведена во ткн Петриев сад а не на плантажа, велат финските научници кои се надеваат дека во лабораторијата успеале да одлгедаат одржливо кафе.

„Тоа навистина е вистинско кафе, бидејќи во овој производ нема ништо освен кафе“, вели Хеико Ришер, покаживајќи сад полн со кафен прав.

Тој и неговите колеги од финскиот Технички истажувачки институт (VTT) веруваат дека со производство на ваквото кафе ќе се избегнат бројни проблеми во природната средина кои ги предизвикува масовното производство на една од најпопуларните напивки на светот.

Нивното кафе не е сомелено од зрна, туку е одгледано од група клетки на растението кафе во строго контролирани услови во биореактор. Кога ќе биде препржен, ваквиот прав може да се подготвива на целосно ист начин како и конвенционалното кафе.

 

Кафето е проблематично

Финските научници ги користела истите принципи на ткн „клеточното земјоделство“ коишто се користат при поизводството на месо во лаборатории и не вклучува колење на говедата. Таквото месо минатата 2020 година во Сингапур доби одобрение за продажба и веднаш беше ставено во листата на јадења на еден тамошен ресторан.

Меѓутоа, кафето е проблематичен производ, делумно и поради тоа што поради растот на глобалните температури сегашните плантажи се помалку плодни, па одгледувачите ги крчат шумите за да обезбедат простори за новите насади. Покрај тоа, според Ришер, тука е и проблемот со транспортот, како и и упоптребата на фосилните горива и затоа целонос има смисла да се бара алтернатива.

Неговиот тим сега спроведува анализа за тоа во колкава мера би било одржливо масовното производство на кафето во лабораторија, но Ришер верува дека за таков процес би биле потребни помалку работна сила и моали трошпици отколку за конвенционалното кафе.

 

Професионални дегустатори

На кафељубците за успехот на лабораториското кафе, се разбира, клучен ќе им биде неговиот вкус, но засега само посебно обичени дегустатори имаат дозвола да го пробаат, бидејќи законски станува збор за „нова вид храна“.

„Засега тие смеат само да го пробаат и да го исплукаат, не смеат да го проголтаат“, вели научникот Хеики Аисала, стручњак за сетилна перцепција кој ја води групата дегустатори во рамките на истиот фински проект.

„Во споредба со регуларното кафе, ‘клеточното’ е помалку горко, што можеби е последица на малку помалото количество кофеин. Но ние не сме професионални пржачи на кафе, а знаеме дека многу вкусови се создаваат токму во текот на тој процес“, додава Аисала.

Ришер смета дека ќе бидат потребни најмалку четири години пред кафето од лабораторија да добие дозвола од регулаторите за комерцијална употреба.

Проектот би можел да биде и важен и за самата Финска, коај е меѓу водечките земји во светот во консумирањето на кафето по жител и затоа во земјата дефинитивно има многу ентузијазам за тоа.