Предноста на домашниот терен се покажа како пресудна на реванш полуфиналниот натпревар од Купот на Италија, помеѓу екипите на Фиорентина и Удинезе.
Фудбалерите на Фиорентина обезбедија пласман во финалниот натпревар откако со 2:0 го победија и го елиминираа големиот ривал од италијанската Серија А, тимот на Удинезе.
Првиот погодок на натпреварот беше дело на офанзивниот бек Паквал, а вториот на колумбискиот интернационалец Гуардадо.
Само за потцетување првиот натпревар на „Фриули” заврши со минимален триумф на Удинезе од 2:1.
Денеска ќе се одигра реванш полуфиналниот дуел помеѓу екипите на Наполи и Рома, а првиот меѓусебен дуел одигран во Рим, завршни со минимален триумф на „волчицата” од 3:2.