Фиорентина го сопре Интер, „шестка“ на Рома, важна победа за Џенова и Пандев

Sampdoria vs Genoa CFC at the Luigi Ferraris stadium in Genoa, Italy 22 July 2020 ANSA/LUCA ZENNARO

Во средбата од 35-то коло на италијанското првенство Џенова на македонскиот репрезентатвивен капитен Горан Пандев славеше со 2:1 во градското дерби освои важни бодови во борбата за опстанок.

Пандев, кој го одигра целиот натпревар, го изнуди пеналот кој во 23 минута го реализираше Доменико Кришчито за водство на Џенова. Сампдорија изрмани десет минути подоцна преку Маноло Габиадини, но во 73 минтуа Лукас Лерагер погоди за важната победа на Џенова.

Џенова сѐ уште е на 17-то место, последното кое гарантира опстанок во Серија А, но сега со 36 бодови, четири повеќе од 18-от Лече на три кола пред крајот на шампионатот.

Интер на својот „Сан Сиро“ одигра 0:0 против Фиорентина испуштајќи ја можноста да се врати на второто место од Серија А. Интер доминираше, но не успеа да ги пробие одбраната на „виолите“.

Рома, пак, немаше проблеми со веќе отпишаниот СПАЛ. „Волчицата“ на гостувањето славеше со 6:1, со головите на Никола Калиниќ во 12, Карлес Перез во 38, Александар Коларов во 44, Бруно Перес во 52 и 75 и Николо Ѕаниоли во 90 минута, додека стрелец за домашните бепе Алберто Чери во 24 минута.

Парма го победи Наполи со 2:1 и ја оддалечи екипта на Ељиф Елмас од палсманот во Европа. Интересно, сите три гола беа постигнати од пенал. Домашните поведоа во последните моменти од првиот дел со реализацијата на Џанлука Капрари, во 55 минута за гостите израмни Лоренцо Инсиње, но Парма дојде до бодовите балгодарејќи на смиреноста на Македонецот со шведски пасош Дејан Кулушевски во 88 минута.

Торино и Верона ремизираа 1:1, додека Лече во дербито на дното со 3:1 ја победи Бреша.

На табелаата води Јувентус со 80 бодови и меч помалки, а Аталанта е втора со 74 бодови, додека Интер е трет со 73 бода.

Јувентус во четврток гостува кај Удинезе и со победа практично ќе ја обезбеди новтата туитула, додека Лацио го пречекува Калјари.