Фиорентина и Милан во четвртфиналето на купот

По Интер, пласман во четвртфиналето од италијанскиот национален фудбалски куп, во средата вечерта изборија и Фиорентина и Милан.

Фиорентина во одличен меч ја победи Сампдорија со 3:2, додека Милан на „Сан Сиро“ беше подобар од Верона со 3:0.

„Виолите“ водеа со 1:0 и 2:1, но Сампдорија двапати се враќаше, но во последната минута од судиското продолжение стрелец од пенал за 3:2 биеше Жордан Вертут. Тоа беше негов втор гол на мечот, а и првиот го постигна од белата точка во 59 минута, а погодок за домашните постигна и Кума Бабакар веќе во 2 минута. За гостите стрелци беа Едгар Берето во 39 и Гастон Рамирез од единаесет метри во 77 минута.

Во вториот меч „Росонерите“ рутински стасаа до победата со головите на Суса во 22, Алесио Ромањоли во 30 и Патрик Кутроне во 66 минута.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.