Фирма блиска до сопругот на министерката Шахпаска повлечена од список за субвенции

64

На Владината седница која вчера започна, а заврши вечерва на дневен ред бил и списокот со фирми кои требало да добијат помош од Владата како мерка за справување од последиците со коронавирусот.

Како што дознава ТВ21, на списокот била и фирма која била блиска до министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Кога министерката го забележала нејзиното презиме, веднаш реагирала. На ова се вклучил и вицепремиерот за борба против корупцијата.

Компанијата била одобрена за да добие субвенции и да и бидат исплатени средства како помош во справувањето со коронавирусот.

По реакциите, фирмата е избришана од списокот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.