Фирма добила пари од Фондот за иновации за арома за вода

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николоски вечерва во „Што не е јасно“ во Алфа телевизија, во однос на аферите кои секојдневно се случуваат, истакна дека аферите кај скопскиот градоначалник Петре Шилегов не може да се добројат, како и дека истата фирма која е замешана во последната афера која ВМРО-ДПМНЕ ја објави добила пари за ставање на арома во вода, што само по себе не претставува некоја иновација.

– Аферите кај Шилегов не се добројуваат, мислам дека јавноста ќе гледа афери до крајот на кампањата затоа што кај него крај немаат, а веројатно и по промената на власта во Скопје ќе има и дополнителни, затоа што ќе се има директен пристап до документите, ќе се види како го водел Градот или поточно како не го водел туку ги гледал сопствените интереси – вели Николоски.

Тој потенцираше дека секогаш во такви случаи станува збор за фирми кои се блиски до олигархијата или до семејството Заеви и дека така е и со случајот со последната афера и олигархиската фирма којашто ја произведува водата „Горска“, која е замешана во скандалот кој партијата го објави.

– Се сеќавате дека добиваа пари од Фондот за иновации за ставање арома во вода која иновација мислам дека после измислувањето на ајфонот е втора најиновативна работа во светот, ставањето на арома во вода за пиење и нормално мораа да бидат поддржани од Фондот за иновации – потсети Николоски.

Тој посочи дека СДСМ станал едно акционерско друштво каде главен акционер е Зоран Заев, кој на ист начин се обидува да ја приватизира државата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.