Фирма од кланот на Заев добила лиценца за увоз на нафта

Наместо ветените повисоки плати, пензии, субвенции за земјоделците и сите други големи ветувања на СДСМ пред изборите, граѓаните добија намалување на просечната плата, стопирано зголемување на пензиите, најава за кратење на субвенциите. Но, има и такви за кои навистина дојде животот, а тоа се бизнис партнерите и пајташите на кланот Заеви. Откако дојде Заев на премиерското столче, голема корист видоа само блиските до него, фирма  од неговиот клан доби лиценца за увоз на нафта и нафтени деривати, објави Заев.

Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, донесе одлука за издавање лиценца за вршење енергетска дејност трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт-трговија на големо со Еуродизел БС, Биодизел, Еуросуер БС 95, Екстра лесно 1 и Течен нафтен гас, на Друштвото за производство, трговија и услуги ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ СТРУМИЦА. Оваа одлука е објавена во Службениот весник број 102 од 05.08.2017 година.

Кога малку ќе се погледнете во минатото, и активностите на Тритерол, станува јасно зошто токму оваа фирма сега добива лиценца за увоз на нафта и нафтени деривати.

Во прилог одлуката на Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија:

 

Сопственик на Тритерол е Горан Крстев, еден од омилените бизнис пајташи на Зоран Заев, кој додека Заев беше градоначалник на Струмица доби тендери во вредност од скоро еден милион евра. Горан Крстев е сопственик и на дел од Глобал, трговскиот центар за кој премиерот Заев доби аболиција од тогашниот претседател Бранко Црвенковски, за криминал тежок 8 милиони евра, со што на судството не му беше дозволено да го докаже криминалот кој тогаш го правел градоначалникот на Струмица. Покрај тоа што сопственик е еден од омилените бизнис другари на премиерот, управител на фирмата е Лефтер Андонов, кој на тоа место доаѓа во 2013 година, тој во 2008 година бил потпретседател на СДММ, како и член на Централниот одбор на СДММ, со што уште еднаш се покажува големата партизираност која се прави во Македонија.

Дека има големи скандали помешани со оваа фирма пред повеќе од една гласно велеа и од ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев кажа дека мрежата на кланот Заев, е продолжена со уште една фирма преку која се испумпувале пари на струмичани.

-Па така мрежата на кланот Заеви се надополнува со уште една фирма на близок човек на Заеви. На 16.09.2014-та година фирмата на функционерот на СДСМ добива 8 тендери во ист ден во вкупна вредност од 17 905 040 денари. Значи толку пари од касата на Струмица биле наменети на сметката на фирматѕа на функционерот на СДСМ. Дополнително оваа фирма од општината Струмица има добиено уште 4 тендери во вкупна вредност на договорите од приближно 700 илјади денари. Значи околу 18 милиони денари од касата на Општина Струмица, во џебот на фирмата на функционер од СДСМ, што многу јасно кажува зошто Струмица плаќа поскапа цена од една Битола. Најскандалозното, само со еден тендер склучен на 02 септември минатата година фирмата Тритерол доел добила 37 842 120 денари или само со еден тендер 615 илјади евра. Или вкупно Тритерол од општина Струмица со која управува Заев добила тендери во висина од близу еден милион евра, на една фирма, на функционер на СДСМ, изјави Пишев во јуни 2016 година.

Градоначалникот на Дојран, Борче Стамов уште пред нешто помалку од 4 години говореше за поврзаноста на Зоран Заев и Горан Крстев, тој Крстев го нарече близок пријател и омилен бизнис партнер на Заев, на кого сегашниот премиер му обезбедувал приходи без да бира начини за тоа.

– Тоа го правел и преку фирмата „Сара Јавор Инженеринг“, каде што денес Горан Крстев е бизнис партнер и ко-сопственик со братот на Зоран Заев, Вице Заев. Зоран Заев освен што му обезбедил купување на атрактивно градежно земјиште по едно евро за метар квадратен на Горан Крстев, како и јавни набавки во вредност од 1 милион и 600 илјади евра на неговата семејна фирма „Јавор Шпед ДООЕЛ“, му обезбедил и дополнителни 6 јавни набавки на име на друга негова фирма со име „Сара Јавор Инженеринг, кажа Стамов во јануари 2014 година.

Струмичката компанија беше вмешана во еден голем скандал со превоз на ученици. Оваа компанија не ги почитувала законите и обврските кои и следуваат. Така, тогаш било констатирано  дека материјалната евиденција за трговија на големо не се наоѓа во складот на нафтени деривати.

Тогаш увиден бил уште еден прекршок, а тоа е дека оротогомерачите не поседуваат документи од Министерството за економија, Биро за метеорологија за верификација.

Дополнително, во резервоарите немало оперативни резерви од нафтени деривати и горива за транспорт за покривање на петодневен просечен обем на трговија. Оперативните резерви е обврска од Законот за енергетика. Токму тука е направено најголемото прекршување, бидејќи поради лакомоста по повеќе пари не можеле да ги исполнат своите обврски. Колку што првиот човек на Тритерол добивал повеќе пари од општина Струмица, толку повеќе имал обврска да складира. Оперативната резерва мора да покрие петодневен промет, а во складовите немало толку место.

Станува збор за кривично дело кое може да повлече и одземање на лиценца и забрана за дејност.

Тритерол исто така беше и главен превозник на луге, кои СДСМ ги носеше од Струмица за време на тогаш опозицискиот протест во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.