Фирмата „Армор плус“ на зетот на секретарката на Град Скопје добила 126 тендери

Втората афера која на денешниот брифинг со новинарите на обелодени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ; Христијан Мицкоски се однесува на тендерите кои ги добила компанијата „Армор плус“.

Според податоците доставени од Мицкоски до медиумите, оваа компанијата од државни институции и јавни претпријатија, односно од парите на граѓаните добила 126 тендери со што остварила раст на профитот од речиси 250 проценти.

Компанијата, како што минатиот месец објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски е во сопственост на сопругот на сестрата на секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ, Димитар Петрески.

Содржината продолжува после огласот
Еве како да се ослободите од псоријазата во само неколку чекори. Се што ти треба е…

Тогаш од комапнијата меѓу другото во испратениот демант, наведоа дека компанијата, од своето формирање, па се до денес, е со доминантен сопственик со потекло од Република Хрватска, односно, компанијата Пастор TBA од Република Хрватска, која поседува 70% од сопственоста на Армор плус ДОО, со право на одлучување. Пастор TBA – Загреб е реномиран производител кој активно постои на пазарите во Европа и светот повеќе од 90 години. Во структурата на компанијата има вкупно 3 сопственици, информации јавно достапни во Централен регистар на РС Македонија.