Фирмата на Нимиц инвестирала во Грција

Ова е класичен пример на судир на интереси на Нимиц, кој е медијатор во спорот меѓу Македонија и Грција, и се доведува во прашање неговата независност и непристрасност, велат од ОМД.

Фирмата „Џенерал Атлантик“ во која Метју Нимиц во 2005-та беше главен оперативен директор, во Данска банка која има своја подружница во Грција, инвестирала 127 милиони евра, тврдат од Обединетата Македонска Дијаспора.

-Ова е класичен пример на судир на интереси на Нимиц, кој е медијатор во спорот меѓу Македонија и Грција, и се доведува во прашање неговата независност и непристрасност, велат од ОМД.

Оттаму јавно го прашуваат Нимиц, дали тоа го пријавил во етичката канцеларија на Обединетите нации, имал ли личен профит од зделката и дали смета дека бизнис интересите влијаат на неговата работа како медијатор.