Фирмата на зетот на секретарот кај Шилегов добила тендер, ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност

Шилегов се што допре претвори во криминал. Фирмата на зетот на новиот Рашковски – Аврамовска Мадиќ од Градот Скопје и Шилегов лапала милиони, оставка и кривична одговорност, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Откако е Шилегов градоначалник, а Викторија Аврамовска Мадиќ секретар на Град Скопје, „Армор плус“ добила тендери во висина од 10 милиони денари од градот, ова немаше да биде спорно, доколку газдата на „Армор плус“ која нижела милиони на тендери од градот, не беше зет за сестра на секретарот на градот Аврамовска Мадиќ. Аврамовска Мадиќ има функција и моќ во градот и претпријатијата под градот, таа е функционер и може да влијае врз работењето, и со тоа се фрла сериозен сомнеж врз добивањето на тендерите на „Армор плус“ од град Скопје. Имаме очигледен судир на интереси. Аврамовска Мадиќ е функционер во органот кој што одлучува, а добитник на тендер е нејзиниот зет преку неговата фирма, велат од партијата.

Од таму додаваат дека ја повикуваме ДКСК веднаш да отвори случај и да утврди можни законски прекршувања. Или Аврамовска Мадиќ требала да си замине од функцијата или „Армор плус“ на нејзиниот зет да не учествува на тендери во институцијата каде што таа е функционер. Кривична одговорност и оставка.

-Злоупотребите мора да престанат. Не смее да има ниту најмал сомнеж дека институциите се користат во бизнис цели на функционерите. Случајот да се истражи, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.