Околу две илјади македонски фирми во текот на минатата 2020 година акумулирале вкупен приход од неверојатни 150 милиони евра, а заедничко на сите нив им е што немаат ниту еден вработен.
Според информациите на Pari.com.mk и БизнисМрежа.мк ги има од повеќе сектори-трговија со струја, информатички компании, нафтен бизнис, градежништво, трговија и услуги.
За создавањето поволни услови за отворање бизниси (добра бизнис клима), Македонија овозможува отворање на фирми без да поседуваат деловен простор, односно без да имаат докази за користење на деловен простор под закуп и без да имаат вработени лица. Логиката е да им се овозможи да застанат на нозе, па потоа да започнат да вработуваат.