
Повеќе од 3.500 фирми и повеќе од 1.000 граѓани на Управата за јавни приходи (УЈП) должат вкупно 280,8 милиони евра.
На последната листа со најголеми должници за долгови што стасале за плаќање до крајот на март по основа на ДДВ, данок на добивка, данок на доход, акцизи и социјални придонеси има познати компании, ресторани, продукциски куќи, но и државни компании.
Од Скопје се трите компании што имаат најголем поединечен долг, односно секоја на УЈП должи по околу 18,6 милиони евра. Листата ја предводи компанијата „Ел аѕтека“, втора е „Мотар коач индустрија“, а трета „Ел дон Kастило“. На високо четврто место е компанијата „Македонијапат“, која по основа на неплатени даночни обврски сега должи 6,6 милиони евра. „Македонски шуми“ имаат долг од 5,2 милиони евра, а долгот на „Македонската радиотелевизија“ е 1,7 милион евра.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.