Фирми на бугарски политичари, блиски на Заев, влегуваат во бизнисот со фотоволтаични централи во Македонија?!

Станува збор за инвестиции на двајца бугарски инвеститори чии што фирми се регистрирани на иста адреса во населбата Кисела Вода во Скопје.

Енергетската криза и најавата за поскапување на струјата, кај граѓаните внесе неизвесност и страв кој навестува уште поголемо намалување на домашниот буџет и животниот стандард кој и онака е многу низок.

Хидроцентралите во изминатите три години во Македонија постојано се доведуваат до хидролошки минимум со што воопшто не произведуваат или произведуваат струја во минимални количества.

РЕК Битола е во постојани дефекти, РЕК Осломеј ретко кога работи а јаглен за работата на овие термоелектрани има многу малку на лагер. Единствената опција за задоволување на електро-енергетските потреби на Македонија е со купување на струја на слободниот меѓународен пазар по цени кои што ги надминуваат досегашните и тоа во значително поголеми износи.

На 30.11.2021 година- денот кога Владата прогласи тридневна жалост по повод трагичната несреќа во која живи изгореа 46 македонски граѓани во Бугарија, како посебна точка на Дневниот ред беше донесена одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР“ – Скопје. Донесувањето на оваа одлука во јавноста помина речиси незабележано поради тешките ефекти на трагедијата во јавноста.

Во текот на вчерашниот ден 07.12.2021 година) на прес конференција Зоран Заев, Францускиот амбасадор во Македонија и сопственикот на оваа компанија во јавноста го афирмираа овој проект со огромни 270 милиони евра како директна француска гринфилд инвестиција, пари кои ќе треба да бидат инвестирани во фотоволтаична централа “Стипион” на локација каде претходно требаше да биде граден карго аеродромот во Штип.

Доцна попладне вчера, на 125 седница на Владата повторно се носат (сега) две одлуки за утврдување на стратешки инвестиционен проект за изградба на две фотоволтаични централи, инвестиции на „РИНУАБЛ ПАУЕР ИНТЕРНАТИОНАЛ ДООЕЛ Скопје” и на „ХЕК СОЛАР МК ДООЕЛ Скопје”.

Всушност, станува збор за инвестиции на двајца бугарски инвеститори чии што фирми се регистрирани на иста адреса во населбата Кисела Вода во Скопје.

Сопственик на фирмата „РИНУАБЛ ПАУЕР ИНТЕРНАТИОНАЛ ДООЕЛ Скопје” е Павел Валнев– политичар од Бугарија. Оваа фирма е регистрирана со адреса „Киро Крстевски“ Бр.33-1, Скопје- Кисела Вода.

Павел Валнев е сопственик и на фирми за оперирање со марихуана во Кочани, Крушево и во Струмица. Станува збор за фирмите „Тетра Хип Кочани”, „Амери Фармаци Струмица” и „5летерс Крушево”.

Овие фирми според наши извори досега има откупено во Македонија над 50 тони коноп и 10 тони цвет од медицински канабис. Фирмата ХЕК СОЛАР за која владата на синоќешната 125 седница утврди стратешки инвестиционен проект е со управителство на Бојан Славев Табутов.

И оваа фирма како и фирмата каде сопственик и управител е Павел Валнев е регистрирана со седиште на истата адреса во Кисела Вода. Во пошироки бизнис кругови кружат непотврдени информации дека Братот на Зоран Заев и друг висок владин функционер во владата на Зоран Заев се бизнис партнери на инвеститорот Павел Валнев во овие фирми за оперирање со марихуана.

Останува нејасно на кои катастарските парцели на земјиште  ќе се градат овие огромни фотоволтаични централи и под кои услови парцелите  ќе бидат ставено на располагање на инвеститорите?

Под кои други услови и со кои други привилегии од државата кон инвеститорите ќе се реализираат овие т.н. стратешки инвестициски проекти?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.