Меѓународната рејтинг агенција Fitch ја зголеми прогнозата за рускиот бруто домашен производ (БДП) за 2021 годна од 3,3 на 3,7 отсто, пренесуваат во средата руските медиуми.
„Ја зголемивме нашата прогноза за Русија за 2021 гоина за 3,3 на 3,7 отсто поради зголемувањето на производството на нафтата и закрепнувањето на потрошувачката во земјата“, наведуват од Fitch во јунскиот извештај за глобалната економија.
Најновата прогноза го одразува очекувањата на агенцијата дека нема да бидат воведени нови деловни ограничувања за борба против Covid-19, како и дека ќе продолжи вакцинацијата чиј обем во моментот се оценува на 22 дози на 100 лица. Се очекува, исто така, и раст на побарувачките на руските стоки.
Аналитичарите веруваат дека растот на БДП на Русија во втората половија од 2021 гоина ќе забрза на 5,5 отсто. Во Fitch притоа ја задржуваат војата прогноза за растот на БДП-то од 2,7 отсто во 2022 и од 2 отсто во 2023 година.
Глобално, во Fitch очекуваат раст на БДП оваа година за 6,3 отсто, што е за 0,2 процентни поени повеќе од мартовската прогноза, За 2022 година агенцијата очекува забавување на растот на светскиот БДП на 4,3 отсто.
Fitch ги зголеми и своите прогнози за растот на најразвиените економии за 2021 година. Прогнозата за растот за економијата на САД е ревидирана од 6,2 на 6,8 отсто, на еврозоната од 4,7 на 5 отсто и за Велика Британија од 5 на 6,6 отсто. Прогнозата за Кина останува на растот за БДП-то во оваа година за 8,4 отсто, а процената за растот на пазарите во развој без Кина, е намалена од 6 на 5,9 отсто.