Физичка пресметка меѓу двајца кичевци, две лица не го почитувале полицискиот час

Вчера околу 18.30 часот, на улицата „Влашки Пат“ во Кичево, Д.С.(25) го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз С.З.(21), двајцата од Кичево. ОВР Кичево по целосно документирање на настанот, ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот Стефан Димоски.

Во изминатото деноноќие, за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, каде спаѓа и Кичево, две лица не ја почитувале забраната за движење.

Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, објасни Димоски.

Тој додаде дека во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.