Физички напад по сообраќајна несреќа во Сарај

Во вторникот околу 18,20 часоот во СВР Скопје, 36 годинишниот А.С. од селото Чајлане, скопско, пријавил дека на подрачје на Сарај, по претходно случена сообраќајна незгода и недоразбирање, бил физички нападнат од Б.Ш. на 34 години од село Сарај, скопско, и од 29-годишниот А.Ф. и 27-годишниот Б.Ф., и двајцата од Чајлане.

Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 12 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.