Физички напади во Охрид и струшко

Два одделни напади се пријавени во охридската и струшката полиција во изминатото деноноќие, соопшти во средата Министерството за внатрешни работи.

Во средата ноќта 2:40 часот по полноќ во СВР Охрид, М.Н. на 61 година од Охрид пријавил дека во близина на хотел, по претходна вербална расправија, физички бил нападнат од 31-годишиот С.Г. 31 од охридското село Велгошти.

Претходно во вторникот во 15:22 во Полициското одделение Велешта, 71-годишниот Е.К. од струшкото село Лабуништа, пријавил дека во истото село бил физички нападнат од соселанецот Џ.С. поради нерешени имотно-правни односи.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.