Физички напади во Скопје, Велес и Гостивар

Пет одделни случаи на физички напади се пријавени во понеделникот во полициските станици во Скопје, Велес и Гостивар, а две од нив се однесуваат на напади врз малолетници, а две за напад врз жени.

На 23.05.2022 во 12:20 часот во Полициска станица Велес В.Ќ. ма 62 години од Велес пријавила дека околу 12:00 часот во градскиот парк во Велес била физички нападната од едно женско лице.

На 23.05.2022 во 21:20 часот во Полициска станица Гостивар 40-годишниот М.И. од село Врапчиште, гостиварско пријавил дека околу 18:30 часот пред угостителски објект во Гостивар неговиот син бил физички нападнат од две лица.

На 24.05.2022 во 00:20 часот во Полициска станица Велес Б.Р.(38) од Велес пријавил дека на 23.05.2022 околу 23:00 часот пред казино во Велес бил физички нападнат од Ф.О. и М.О.

Претходно на 23.05.2022 во 15:25 часот во Полициска станица Аеродром Љ.Б. на 43 од Скопје пријавил дека на претходно 08.04.2022 околу 19:30 часот пред трговски центар на подрачје на Аеродром неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.

На 23.05.2022 околу 11:00 часот во Полициска станица Ѓорче Петров е пријавено дека во фирма на подрачје на Ѓорче Петров вработената П.Г.В.(50) од Кавадарци по претходно недоразбирање била физички нападната од Ф.Х., кој бил директор на фирмата.