Физички напади во Тетово по недоразбирање во сообраќајот пријавени во полицијата

Тетовската полиција бележи две пријави кои се однесуваат на расправии по недоразбирање во сообраќајот, а подоцна имало и физички напади и пресметки кои се случиле на градските улици.

-На 30.10.2021 во 16,30 часот во СВР Тетово М.А.(28) од с.Шипковица-тетовско пријавил дека истиот ден околу 16,00 часот по претходна расправија околу сообраќај бил физички нападнат од едно лице на возраст од околу 30 години. Подоцна околу 19,20 часот во СВР-Тетово Б.М. (24) од Тетово пријавил дека истиот ден околу 17,35 часот на ул.„Михајло Рајчевиќ“ по претходно недоразбирање во врска со паркирано возило бил физички нападнат од лицето М.У.(34) од Тетово, информираат од СВР Тетово.

Полицијата сега работи на расчистување на случаите и поднесување соодветни поднесоци.