Физички нападнати две лица во угостителски објект на булевар „Борис Трајковски“

32

Во СВР Скопје било пријавено дека вчера во 4 часот во угостителски објект на булевар „Борис Трајковски“, Г.С. (35) од Скопје додека бил на неговото работно место и неговата колешка В.М. биле физички нападнати од А.К. кој со остар предмет ја повредил В.М. во пределот на раката.

Според пријавеното, како што соопшти МВР, потоа А.К. со возило ги удрил двајцата во пределот на нозете.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.